(ВИДЕО) ИНТЕРВЈУ СО МАРК ДЕ ЈОНГ: ДОБРАТА ХРАНА, НАСМЕВКАТА И ЉУБОВТА СЕ ТРИТЕ НЕШТА ЗА КОИ МЕ ПРАВАТ СРЕЌЕН

(ВИДЕО) ИНТЕРВЈУ СО МАРК ДЕ ЈОНГ: ДОБРАТА ХРАНА, НАСМЕВКАТА И ЉУБОВТА СЕ ТРИТЕ НЕШТА ЗА КОИ МЕ ПРАВАТ СРЕЌЕН
октомври 08 18:29 2021

Марк Де Јонг, препознатливото лице од ТВ екраните, како еден од двајцата готвачи-виртуози во телевизиското шоу „Брза кујна“ кое оди на ТВ „Сител“, вчера беше на посета во Берово.Го сретнавме на градскиот плоштад во Берово, заедно со неговиот пријател Горан Алачки, кој е кандидат за градоначалник на Берово.Тој му е морална поддршка во неговато мото за Малешевијата конечно да биде едно семејство со обединети сите луѓе кои шират насмевка и љубов.

Во интевјуто кое што го направивме со Марк Де Јонг, го запрашавме за неговото омилено јадење, за причината која се преселил од Белгија да живее во Македонија, за малешевската органска храна и производи и за многу други нешта кои ќе ги слушнете подолу во интервјуто.

При прошетката низ Берово и градскиот пазар, имаше можност да се сретне со голем број на Беровчани, за кои е главен кулинарски херој на телевизиските екрани.Да не откриваме повеќе, погледнете го интервјуто кое го направивме со Марк Де Јонг.

  Категории: