(ВИДЕО) ДИРЕКТОРОТ НА ЈПКР „УСЛУГА“ РУНТЕВСКИ: ЌЕ ПОБАРАМЕ ДЛАБИНСКО ИСПИТУВАЊЕ НА ВОДАТА ВО БЕРОВСКО ЕЗЕРО

(ВИДЕО) ДИРЕКТОРОТ НА ЈПКР „УСЛУГА“ РУНТЕВСКИ: ЌЕ ПОБАРАМЕ ДЛАБИНСКО ИСПИТУВАЊЕ НА ВОДАТА ВО БЕРОВСКО ЕЗЕРО
ноември 23 19:43 2024

Продолжува забраната за пиење на водата од градскиот водовод за жителите на градот Берово и околните населби. Повеќе од десет денови, граѓаните ја употребуваат водата како техничка, поради зголеменото присуство на манган, што за прв пат се случува во градот Берово.

На 52 -та седница на Советот на општина Берово, како неминовна точка беше разгледана и дебатирана состојбата со водата, каде осврт на состојбата и превземените сегашни и идни мерки даде директорот на ЈПКР „Услуга“ Илија Рунтевски, кој како една важна мерка наведе дека ќе се побара длабинско испитување на водата од Беровоско езеро.

-Од наша страна беа спроведени дополнителни испитувања на водата земена од неколку места на Беровско езеро, двeте притоки што се влеваат во езерто река Заменица и Клепалска река, како и од пумпата на ресортот Аурора која зема сирова вода од езерото, а дополнително и од пукнатина на зид на Беровско езеро, во сите овие наши добиени интерни резултати, можам да кажам слободо дека имаше доволени количини на присуство на манган, по правилникот на АХВ. Додека резултатот од земената проба од цевководот што ја снабдува филтер станицата во Берово со сирова вода, имаше зголемено присуство на манган и тоа во многу поголема концентрација од дозволената – рече директорот на ЈПКР „Услуга“ Илија Рунтевски.

По добиените резултати директорот Рунтевски иницирал состанок со кризниот штаб во општина Берово, каде било донесено заклучок да се повикаат приватни лаборатории и претставници од Институтот за јавно здравје во истиот ден да земат примероци од Филтер станицата во Берово, од Беровско езеро и од други места од каде што треба, а исто така и да се поднесе барање до Водостопанство на Македонија за длабинско испитување на водата од површинска вода, средината на браната и најниско ниво на Беровско езеро. Како трет заклучок било одлучено да се повикаат стручни луѓе од оваа област за да ја согледаат ситуацијата.

Во продолжение погледнете го излагањето на директорот на беровското комунално претпријатие, вработен во Филтер станицата во Берово и дебатата на Советот на општина Берово за идните мерки кои што треба да се превземат за проблемот со водата:

  Категории: