(ВИДЕО) ВТОРАТА ПРИСТИГНАТА ДОЗА НА ВАКЦИНИ „СИНОФАРМ“ СОЗДАДЕ ГУЖВИ ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО БЕРОВО.

(ВИДЕО) ВТОРАТА ПРИСТИГНАТА ДОЗА НА ВАКЦИНИ „СИНОФАРМ“ СОЗДАДЕ ГУЖВИ ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО БЕРОВО.
мај 12 20:46 2021

Попладнево во Здравниот Дом во Берово пристигна и втората доза од 200 вакцини „Синофарм“, со што пред здравствената институција поради интересот на Беровчани се создадоа гужви.

Граѓаните велат дека чекаат по неколку часови пред здравствената институција за да дојдат на ред за вакцинација, а најголемиот проблем за нив е немањето превоз од Берово до вакциналниот пункт во Штип, каде што им е одреден термин за да ја примаат вакцината.

Истакнаа дека вакцинацијата треба да биде во Здравниот дом во Берово, бидејќи патувањето до Штип за нив преставува огромен проблем со кој се соочуваат не само тие туку и целиот Источен регион.

Со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните на Берово, кои во последните неколку недели во голем број се пријавуваат за вакцинирање против Ковид 19, следниот период се очекува да се побара поголема доза на вакцини и вакциналниот пункт од Здравниот дом во Берово, да биде преместен во Бизнис инкубаторот за што граѓаните ќе бидат дополнително известени.

  Категории: