Траиционално како и секоја година, децата од градинката 23 Август го одбележаа денот на шегата со голем маскенбал каде дефилираа до градскиот плоштад во Берово.Со песни, игри и шеги облечени како кловнови, спајдермени, принцези, пирати, пеперутки и ликови од серии, ги претставија своите маски пред задоволните и насмеани родители кои масовно го наполнија градскиот плоштад.Инаку првоаприлскиот маскенбал за најмладите жители во Општината, претходно беше одложен поради временската состојба.Во продолжение еве го видеото од денешниот настан.