Верниците муслимани од Берово ја одбележаа ноќта на Мираџ

Верниците муслимани од Берово ја одбележаа ноќта на Мираџ
февруари 06 21:20 2024

Верниците од муслиманска вероисповед, вечерва во џамијата „Мехмет Бег“ во Берово ја одбележаа значајната ноќ во исламот наречена ноќ на Мираџ. После вечерната молитва Јација намаз, во знак на одбележување на Ноќта на мираџ во беровската џамија беше организирана програма во рамките на која беа читани делови од светата исламска книга Куранот, беа читани муслимански дови или молитви, како и предавање за оваа значајна ноќ во муслиманскиот свет.

Имамот на беровската џамија Тахир Дестанов со двочасовно обраќање кон присутните, ги истакна сегментите од случувањата токму на оваа ноќ на последниот пратеник за човештвото Мухамед с.а.в.с.

Освен во Берово, вакви програми и одбележувања на оваа вечер, се организираа во сите џамии во Македонија и насекаде во светот.

Инаку станува збор за една од најзначајната ноќ кај Муслиманите. Според календарот оваа 2024 година, тоа е ноќта на шести спроти седми февруари.

Таа ноќ, ноќта на Мираџ Мухамед с.а.в.с, бил префрлен од Мека во Ерусалим и се нарекува Ишра (полноќно патување), а потоа во небеските пространства, каде стигнал до „Сидретул-Мунтеха“, што пак се нарекува мираџ. Тогаш се објавени и петте духовни намази.

  Категории: