БОЧВАРСКИ ОД БЕРОВО: НОВА СРЕДБА ЗА АКТИВНОСТИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ГП “КЛЕПАЛО” (ВИДЕО)

БОЧВАРСКИ ОД БЕРОВО: НОВА СРЕДБА ЗА АКТИВНОСТИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ГП “КЛЕПАЛО” (ВИДЕО)
декември 09 13:37 2022

Работните групи за инфраструктура на Северна Македонија и на Бугарија до крајот на годинава треба да имаат уште една средба за проектот за граничниот премин Клепало, за чија реализација, според министерот за трансппрт и врски Благој Бочварски, има заинтересираност од двете влади.

Бочварски денеска најави дека на средбата двете страни ќе реферираат до каде се со активностите за проектот, за чија реализација и двете држави ќе може да аплицираат за 10 милиони евра од Европската унија. Идејата за изградбата на Клепало, ја реобновиле со бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков, на средбата пред два дена во Скопје, кога во државава се одржа Македонско-бугарски бизнис форум.

– И двете влади се заинтересирани двете работни групи што ги имаме во делот на инфраструктура да остварат уште една средба. Ќе се обидеме таа средба да биде до крајот на оваа година со што ќе ги отвориме повторно постапките и процесите за да видиме која од двете страни до каде стигнала со своите процедури за отворање на граничниот премин Клепало, едно од најважните прашања кое што го имаме како тема, рече Бочварски, на новинарско прашање при посетата на Берово.

Тој соопшти дека ЕУ дава околу 10 милиони евра за кои ќе можат да аплициарат и двете страни за потребните активности за отворање на преминот, односно за финансирање на објектите, на патниот правец од страна на Бугарија, за рехабилитација на нашиот патен правец.

-Целта да е ЕУ да помогне за повзрување на двете држави и на нивните граѓани. Од тој аспект работиме на завршување на процедурите. Ние сме во понапредна фаза бидејќи имаме и објект што треба да биде реконструиран, имаме изграден патен правец којшто треба да биде само рехабилитиран и ги очекуваме постапките и од страна на Бугарија, да почнат изградба на патот од околу 13 километри, како и на нивниот објект на граничниот премин, изјави Бочварски.

Нагласувајќи дека има заинтерсираност од двете влади за овој проект најави дека ќе продолжи соработката за отворање повеќе можности за граѓаните и економски развој на двете држави.

  Категории: