БЕРОВСКИТЕ ПРВАЧИЊА СТАНАА ДЕЛ ОД ДЕТСКАТА СВЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

БЕРОВСКИТЕ ПРВАЧИЊА СТАНАА ДЕЛ ОД ДЕТСКАТА СВЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
октомври 10 16:23 2022

Со пригодна програма, подготвена од поголемите ученици денеска беровските првачиња станаа дел од големата детска светска организација,

Градоначалникот Пекевски на  сите првачиња, кои денеска станаа дел од   детската светска организација, им посакува слободно и среќно да учат и да се надоградуваат,  да ги слушаат своите наставници и родителите и од нив да ги прифаќаат сите позитивни навики.

Поголемите ученици од училиштето, подготвија програма и на помалите деугарчиња им посакаа добредојде, честитајќи им го приемот во Детската светска организација.

Пред присутните со свои пораки за почитување на детскиот свет, се обрати Директорот на ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”, Наташа Аврамска.

Првачињата, дадоа свечена заклетва и со читање на детските права свечено беа примени во Детската организација.

Вложувањето во децата е вложување во иднината и сите деца имаат право да живеат во демократско и хумано општество.

Општина Берово и понатаму ќе продолжи да ги унапредува условите за учење на децата, како и да ги следи препораките за креирање на свет по мерка на детето.

  Категории: