БЕРОВСКИОТ ОФФ РОАД КЛУБ „ЈЕЕP БЕРОВО“ ВИКЕНДОТ ОРГАНИЗИРШЕ АДРЕНАЛИНСКА ТУРА НИЗ МАЛЕШЕВИЈАТА

БЕРОВСКИОТ ОФФ РОАД КЛУБ „ЈЕЕP БЕРОВО“ ВИКЕНДОТ ОРГАНИЗИРШЕ АДРЕНАЛИНСКА ТУРА НИЗ МАЛЕШЕВИЈАТА
март 07 12:34 2022

Околу 20 џипови од групата „Jeep Берово“вљубеници на офф роад спортот од Берово, викендот организираа тура со џипови низ прекрасните предели на Малешевијата.Турата во должина од 90 километри стартуваше од Берово, преку месноста Преведена до Ново Село во Струмица и по планинските предели заврши во село Двориште.

Тимот на „Офф роад Берово“ како што истакнаа организаторите, веќе две години се занимава со овој спорт кој во последно време е многу актуелен во Малешевијата.

-Скоро секој викенд организираме тури со џипови низ Малешевијата па и пошироко.Овојпат околу 20 џипови направивме тура од 90 километри, која беше исполнета со адреналин и прекрасни зимски пејсажи.Нашите возила кои се наменети за овој вид на „октански“ спорт, одлично поминаа низ планинските патишта, кои на некои места поради снегот не се познаваа, па имавме некои помали застанувања, сепак на крајот успешно се заврши се.Иако врнеше снег и имаше над 20 саниметри снежна покривка, тоа не не спречи во нашата реализација на турата.Имавме можност исто така да ги видиме и специјалните вештини на нашите членови, возење по скали,справување со тесни и лизгави патеки, возење преку големи дупки низ планината – рече Јовче Ајтовски член на „Jeep Берово“.

Овој октански спорт кој е во голем подем во Берово, завзема голема популарност и помеѓу младите, кои се повеќе имаат амбиција да се занимаваат со офф роад предизвиците.

-Пред неколку години возевме со руски џипови низ секакви предели и на било какви временски услови.Сега последните две години сите обезбедија понови и силни џипови кои се наменети и направени за вакви тури.Освен џипови во Берово имаме голем број младинци со моќни крос мотори и ATV и UTV возила.За да се занимаваш со овој спорт најпрво теба да го сакаш, потоа тренинзи, доволно искуство и секако добро возило.Навистина Берово и Малешевијата нудат одлични можности за овој вид спорт – додаде Горан Андоновски еден од основчите на тимот „Јееp Берово“.

Беровски вљубеници од тимот на „Jeep Берово“ финишот на нивната адреналинска тура го завршија во селото Двориште со богата трпеза и дополнителна забава.

  Категории: