БЕРОВО ГО ПРАЗНУВА 11 ОКТОМВРИ ДЕН НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ

БЕРОВО ГО ПРАЗНУВА 11 ОКТОМВРИ ДЕН НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ
октомври 11 12:21 2022

БЕРОВО го празнува 11 Октомври- Ден на народното востание

Во чест на денот, делегации од општествениот и политичкиот живот од Општина Берово, положија цвеќе пред спомен плочата на паднатите борци во НОВ од Малешево, во Берово, а пред присутните беше прочитан и реферат, со историски осврт.

🇲🇰 Оттогаш до денес, поминаа 81 година, од денот кога македонскиот народ се крена на востание и огранизирано тргна во народноослободителната војна.

На вистинската страна на историјата, на страната на слободата и човековите права, македонскиот народ застана рамо до рамо со слободарските сили во Европа и светот, и остави свој печат во историјата и времето!

11 октомври 1941, е симболот на самосвеста на македонскиот народ, историски паметник за херојството, означување на слободата, во која денес ја градиме нашата држава.

🇲🇰 НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ 11 ОКТОМВРИ, ДЕН НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ И ДЕН НА БОРЕЦОТ!

  Категории: