Аурора ресорт и Спа се закити со златна статуа на седмото издание на најголемиот туристички форум – Балкански награди на туристичката индустрија 2021 година, кој се одржа вчера во Софија, Бугарија.
Дека Аурора ресорт & Спа ќе се закити со злато се знаеше уште од вчера, бидејќи влезе меѓу финалистите за златните статуетки на Балканските Оскари е и еден од најпопуларните хотели кај нас, а е добитник и на одлични оценки во глобалната мрежа за резервации Боокинг
Хотел Аурора Ресорт & СПА доби пофални зборови и од бугарските медиуми.-Хотелскиот комплекс е на шест километри од Берово. Привлекува туристи со својот кристално чист планински воздух, велнес објекти и бесконечниот базен со поглед на Беровското Езеро и планината Малеш. Овој еко-хотелски комплекс е целосно изграден од камен и дрво.
Хотелот Аурора нуди неколку базени, луксузни спа објекти и стилски ресторан со тераса. Гостите може да уживаат во парна бања, сауна и затворен базен. Сите сместувачки капацитети имаат големи кревети, приватен балкон и пространа бања, се само дел од позитивните коментари за овој македонски бисер.