Жителите на ул ,,Жан Кофол”, ќе газат по новиот 2 слоен асфалт, со дебелина од 12 cm, каде што на задоволство на жителите на општина Берово е асфалтирана улицата во должина од 575 метри.
Ширината на коловозот на улицата е 6 метри, односно 2 коловозни ленти со ширина од по 3 метри, при што пред асфалтирањето е извршено подигање и спуштање на канализационите шахти и тампонирање со дебелина од 10 cm.
Со реконструкцијата на оваа улица, голем број жители од новата населба во Берово, добиваат олеснет пристап до своите семејни куќи и централното градско подрачје и се заокружува поголема целина на патна мрежа во градот.
Сретствата во износ од 4.465.809,00 се обезбедени од Буџетот на општина Берово за 2022 година.