АМДИ БАЈРАМ СТАНУВА ДЕЛ ОД ВЛАДАТА НА ЗАЕВ.

мај 14 19:39 2018

Сојузот на ромите на Амди Бајрам станува дел од владината коалиција предводена од СДСМ и Зоран Заев.

Ова денеска го објави премиерот, кој даде изјава пред судот по судскиот процес ,,Поткуп“.

Според Заев, кадрите на Амди Бајрам нема да добијат министерски места , но ќе добијат значајни ресори со кои ќе раководат.

Амди Бајрам се придружи во Парламентот и на оваа власт, и сега ги поддржува одлуките на владата на СДСМ. Тој, дури беше во коалиција со ВМРО ДПМНЕ, на највулгарен начин зборуваше за СДСМ и за Заев, а неговото однесување за време на протестите пред Собрание, кога СДСМ беше во опозиција, е петно кое постојано се спомнува во јавните и медиумски негодувања заради соработката на Заев со Амди Бајрам.

 

ИЗВОР:ako.mk

  Категории: