АЛЕКСАНДАР КИТАНСКИ: НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ НАШИТЕ ГРАЃАНИ ДА ЖИВЕАТ ВО СМЕТ.ВО НЕДЕЛА ЕКО АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СЕЛО ЦРНИК

АЛЕКСАНДАР КИТАНСКИ: НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ НАШИТЕ ГРАЃАНИ ДА ЖИВЕАТ ВО СМЕТ.ВО НЕДЕЛА ЕКО АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СЕЛО ЦРНИК
јули 26 14:30 2022

По иницијатива на неколку млади луѓе од селото Црник, каде веќе одреден период центарот и околината во селото се претрупани со ѓубре, во Недела во соработка со општина Пехчево и комуналното претпријатие ЈП „Комуналец“ ќе се спроведе еко акција за чистење на централното подрачје на селото.Градоначалникот на Општина Пехчево на средба со жители на село Црник, изрази загриженост поради ситуацијата со отпадот, па ургентно во најбрз можен рок најави чистење и помош од општината за решавање на ситуацијата со отпадот.

-Навистина загрижува состојбата со расфрланиот отпад во централното подрачје во селото Црник, па затоа во Недела (31.08.2022) и во склоп на нашите можности заедно со граѓаните на селото и доброволци, ќе спроведеме акција, каде најпрво ќе бидат уредени неколку улици на мегданот каде состојбата со отпадот е многу лоша, а во Понеделник од страна на институциите ќе бидат исфрлени сите преполнети контењери во селото, а ќе поставиме и нови.Следниот период поточно после спореведената акција на чистење, со механизација ќе го исчистиме и речното корито на Црничка река, каде исто така состојбата е алармантна.Во мое име и во име на општината нема да дозволам нашите сограѓани било во селото Црник и во другите населени места нивната средина каде што живеат да биде загадена со смет.Затоа ги повикувам сите граѓани од село Црник и доброволци од целата општина Пехчево, во соработка со општина Пехчево, во понеделник да се вклучат во акцијата за чистење на селото Црник.Исто така сакам да упатам апел до граѓаните за поголема еколошка свест при фрлањето на отпад, бидејќи ако ние самите не се грижиме за нашето Пехчево и прекрасните пехчевски села, нема кој друг да го стори тоа – истакна Александар Китански, градоначалник на Општина Пехчево.

Младиот актив пак од селото Црник, кои ја иницираа еко акцијата во соработка со општината, изразија задоволство од првиот човек на Општина Пехчево за неговото разбирање и ангажираност за решавање на овој проблем кој подолго време ги мачи селаните на Црник.

-Свесни сме дека најголем загадувач на нашето село сме самите ние.Отсуството на еколошка свест придонесе за оваа ситуација, а дополнителен проблем ни беше изнесувањето на сметот, кој еве веќе неколку месеци комуналното претпријатие од Пехчево не го исфрла од селото, поради непотпишани договори од страна на мештаните за ѓубрарина.Сепак благодарни сме на градоначалникот Китански, кој наиде на разбирање за нашиот проблем и со заедничка комуникација постигнавме решение за организирање на еко акција во Недела, каде после тоа ќе следува и чисење на коритот на Црничка река.Спремни сме сите во селото конечно да се реши овој проблем, да потпишеме договори за ѓубрарина и откако се ќе се среди да почне нормално да функционира излагањето на отпадот во нашето село, каде во моментот доаѓаат многу странски туристи и наши иселеници од целиот свет – рече Веби Џевиров еден од иницијаторите за еко акцијата.

Иницијаторите ги повикуваат сите жители на село Црник и секој доброволец, во Недела и Понеделник, да земат учество во еко акцијата која ќе се спроведе за чистење во централното подрачје на селото.

За поубаво и почисто село Црник и Општина Пехчево!!!!

  Категории: