СО ДВА ЗЛАТНИ И БРОНЗЕН ПЕХАР СЕ ЗАКИТИ ПИНГПОНГАРСКИОТ КЛУБ „ЗЕГИН“ ОД БЕРОВО

СО ДВА ЗЛАТНИ И БРОНЗЕН ПЕХАР СЕ ЗАКИТИ ПИНГПОНГАРСКИОТ КЛУБ „ЗЕГИН“ ОД БЕРОВО
февруари 13 19:41 2022

Со две први места во машка и женска конкуренција и едно трето се закитија пингпонгарите на ППК „Зегин“ на првиот мастерс турнир кој викендот се одржа во салата ,,Македонски Бранители” во Берово.Нашите пингпонгари Кристијан Каламадевски и Моника Стајковска успешно дојдоа до златен пехар во натпреварувањето до 12 години, додека Сара Ризовска го освои бронзениот медал.Како што истакна тренерот на ППК „Зегин“ од Берово, Јован Ковачовски, овој успех е за прв пат во две конкуренции да се освои злато и бронза, што претставува гордост и награда за напорната работа за клубот во овие повеќе од две години од нивното постоење.

-Денес сум најсреќен а посебно горд на моите играчи, кои веруваа во себе и клубот и освоивме две први и едно трето место.Работата и тренинзите кои секојдневно ги одржуваме дадоа рзултат.Навистина конкуренцијата на играчи беше голема и квалитетна, но на крајот нашите пингпонгари од ППК „Зегин“ одлично се справија со нивните противници и ги заслужија пехарите.Во низата награди од нашето постоење како клуб, ја вбројуваме и оваа која навистина посебно ми е драга и упатувам честитки до Кристијан, Моника и Сара за освоените награди и сите играчи, како и до сите кои помогнаа да се случи овој настан, посебно до главниот спонзор Зегин.Верувам дека во скоро време пинг понгот ќе стане главен спорт во Берово – рече тренерот Ковачовски.

Берово е најсериозен и најдобар организатор на турнирите во пинг понг и сериозен кандидат за освојување на медали рече селекторот на Пингпонгарската федерација, додавајќи дека традиционално почетокот на сезоната на турнири почнува токму од нашиот град.

-Традиционално на почетокот на сезоната, првиот турнир во младинските категории во организација на Пингпонгарската федерација на Македонија го организираме овде во Берово.Сакаме да поченеме од Берово затоа што ППК „Зегин“ Берово се појавува како најсериозните организатори и најорганизираните клубови, така да довербата за почетокот на првенството ја дадовме на овој клуб и веруваме дека овие два дена каде што ќе се одигруваат првиот Телеком турнир до 19 години и 12 години, ќе помине во одлична организација за што немаме никаков сомнеж.Имаме претставници од 15 клубови членки на Пинпонгарската федерација.Организаторот овозможил прекрасни услови, затоплена сала така да мислам дека ќе имаме безпрекорна игра овие два дена – истакна Горан Тиловски претседател на Пингпонгарската федерација на Македонија.

ППК „Зегин“ важи за клуб со најголем подем во овој спорт и расадник на млади таленти кои имаат шанси да влезат во сите категории со свои репрезентативци и тие се иднината на овој спорт додаде селекторот на македонската пинг понг федерација.

-Пингпонгарската федерација и јас како селектор започнуваме со нашите активности токму од градот расадник на млади таленти во овој спорт.Пинг понгот завзема големо место во овој град, постојано сме присутни овде во Берово, едноставно овие таленти ги надоградиме и насочиме во професионалните води.Благодарение на ППК „Зегин“ овде веќе имаме доста талентирани деца од малдинска,пионерска и кадетска категорија и сите тие се иднината на македонскиот спорт.Овој Мастерс турнир викендот во Берово е бодовен, па врз база на овие турнири бодовите ќе се сумираат и се прави ранг листа по која се избираат и репрезентативците.Членовите на ППК „Зегин“ Берово имаат големи шанси да влезат во сите категории со свои репрезентативци – рече Сашо Богатинов селектор на ППФМ.

Попладнево нашите пингпонгари ги прославија успесите и наградите со заеднички ручек и традиционална македонска музика, каде заедно со гостите и нивните родители се радуваа на освоените места на турнирот.Во присуство и на главниот спонзор на клубот компанијата “Зегин“ се играше македонско оро во знак на резултатите кои ги постигнаа нашите херои.

Инаку овие два дена во Берово околу 15 екипи од цела држава се натпреваруваа во првиот мастерс турнир во пинг пон.Вчерашниот ден беше наменет за пингпонгарите од У19, а денес на агендата беа натпреварите на младинците од У12.

Следната недела на 19 и 20 февруари,Берово повторно ќе биде домаќин на вториот мастерс турнир во пинг понг, каде ќе се натпреваруваат пинг-понгари во У-12 и У-15 конкуренција.

Во продолжение видео од настанот :

Пренос во живо од прославувањето на наградите на ППК „Зегин“ на линкот подолу

https://fb.watch/b8_LyHLGX7/


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.