За неполни 12 часа, три камиони излетаа од патиштата на Истокот. Еден возач почина, еден е во болница.

За неполни 12 часа, три камиони излетаа од патиштата на Истокот. Еден возач почина, еден е во болница.
март 20 21:52 2018

За неполни 12 часа, три камиони излетаа од патиштата на Истокот и завршија во околните ниви. Еден возач почина, еден е во болница.

Причина за излетувањето на првиот камион во близина на македонско-бугарската граница кај Делчево е срцев удар кој го добил возачот додека возел.  Станува збор за 55-годишен возач од Богданци, кој починал на лице место.

28-годишен возач од Србија, пак, со повреди заврши во Штипската клиничка болница, откако на патот Штип – Радовиш, изгубил контрола над „сканијата“ која ја возел и завршил во сообраќајниот знак. Поради увидот и отстранување на возилото, патот на овој правец бил во прекин од од 23.00 до 05.00 часот утринава.

Излетан камион кај селото Гајранци, беше причина за неколкучасовен прекин на сообраќајот на патот Крупиште – Пробиштип. Колони возила чекаа камионот да биде подигнат и тргнат од патот:

  • Кога дојдов, камионот беше обрнат, морав да го стопирам сообраќајот за да се извлече возилото. Дојде полиција, стручна екипа и го отстранија камионот, кажа возач.

До излетувањето дошло кога на тесниот пат требало да се разминат камионот и автобус, при што камионџијата изгубил контрола. За среќа повредени нема.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.