Во рамките на активностите на општина Берово, за уредување на зелените површини, Општина Берово, во соработка со ЈПКР ,,Услуга” , започна со кастрење и уредување на дрвјата, на јавни површини.
Со кастрење на дрвјата е започнато на пофреквентните улици, во централното градско подрачје и на ул.,,Борис Кидрич”, а во престојниот период, ќе се продолжи, секаде каде што е потребно.
Со кастрењето на непотребната вегетација, се овозможува непречено одвивање на сообраќајот, прегледност во вечерните часови и непречено снабдување со електрична енергија.Дополнително, заради заштита од штетници, стеблата на дрвјата се и фарбани.
Коментар:*
Име*
Е-маил*
Веб сајт
Δ
This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.