Градоначалникот Пекевски оствари средба со Координаторот на Националната платформа за женско претприемништво за источно плански регион

Градоначалникот Пекевски оствари средба со Координаторот на Националната платформа за женско претприемништво за источно плански регион
јули 05 15:00 2022

Градоначалникот Пекевски, вчера во својот кабинет, оствари средба со Координаторот на Националната платформа за женско претприемништво за источно плански регион, Ирена Мирчовска.

Градоначалникот потпиша  Декларација за поддршка и развој на женско претприемништво.

Разговараа за состојбите на локално ниво и заклучија  дека процентот на женското претприемништво во општината,  е низок и е потребна промоција, со цел запознавање на можностите и бенифитите кои се на располагање.

Зедничко делување на општините од источниот регион е клучен фактор за развој на женското претприемништво и за охрабрување што повеќе жени да започнат сопствен бизнис со мерките и поддршките кои се нудат.

Националната платформа за женско претприемништво ги следи трендовите во женското претприемништво и на глобално ниво, а воедно ги применува најдобрите практики во обидот да им овозможи посилен глас на жените претприемачи во Македонија.

Да се информираме за можностите за женско претприемништво и да учествуваме во создавањето на нови перспективи.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.