МУЗЕЈ НА БЕРОВО

МУЗЕЈ НА БЕРОВО
март 12 18:39 2018

Музејот на Берово е местото каде би требало да го почнете запознавањето со Берово. Сместен е во прекрасна зграда во самиот центар на градот, која е реконструирана во духот на оригиналната архитектура од крајот на 19-ти век, за која беровчани се сентиментално врзани бидејќи е еден од препознатливите елементи на градот. Исто така значајно е што во неа било отворено првото народно училиште, а бил формиран и првиор НОО за Берово.

Во концепирањето на музејот помогнале признаени национални експерти од областа на историјата и етнологијата, кои успејаа да направат спој меѓу елементите од постоечката музејска поставка во манастирскиот комплекс св.Архангел Михаил и нови елементи и експонати.  Историскатите  поставки, кои се сместени во музејот, се состојат од документи и предмети кои што говорат за историјата на Малешевскиот народ од времето на Дедо Иљо Малешевски, Никола Петров Русински, Димитар Поп Георгиев Беровски, Разловечкото востание, развојот на Малешевијата помеѓу двете Светски војни и развојот на Малешевијата по Втората светска војна.

За збогатување на изложбата се поставени и случајните наоди на антички и средновековни монети, кои што говорат за економскиот развој и трговските односи на Малешевијата, како и за постоење на Римска цивилизација на ова поднебје.

Етнолошката поставка се состои од реконструкција на малешевска соба, малешевска носија, малешевски накити, грнчарско производство, музички инструменти и реконструкција на малешевска ковачилница. Музејот како самостојна институција е можност повеќе да се иницираат и превземат истражувачки работи на подрачјето на Општина Берово и да се збогати музејската колекција со нови артефакти.

Музејот на Берово е дел и од комплексниот проект за уредување на центарот на градот, што е приоритет во Стратегијата за одржлив развој на Општина Берово, како основен предуслов кој ќе придонесе за економската и социјалната ревитализација на Берово, развој на туризмот и севкупен позитивен развој на општината.

погледни повеќе вести

Поврзани вести

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.