ЕКИПАТА НА ФК МАЛЕШ СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА СТАРТУВАШЕ ВО НОВАТА ФУДБАЛСКА СЕЗОНА.

ЕКИПАТА НА ФК МАЛЕШ СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА СТАРТУВАШЕ ВО НОВАТА ФУДБАЛСКА СЕЗОНА.
септември 17 18:51 2018

Фудбалерите на ФК “Малеш” одлично го започнаа натпреварувањето во третата фудбалска лига Исток.Со резултат 3:0 екипата на ФК “Малеш” ја совлада екипата на  ФК “Слога”1934 од Виница во натпревар во кој домшните фудбалери доминираа скоро во целиот натпревар.Квалитетот на беровските фудбалери беше неколку класи подобар во однос на гстинската екипа, па работата и соработката на теренот како што велат играчите вроди со резултат.

Стрелци на головите беа Ерол Пилов, Илија Шонтевски од пенал и Кирил Черговски со вистински евро – гол од 30 метри.

Наредното коло екипата на ФК “Малеш” гостува на ФК “Кежовица” од штипско Ново Село.

Инаку во првото коло третата лига – Исток,ФК Овче Поле требаше да се сретне со екипата на “Рудар 1947”, но натпреварот беше одложен и под знак прашање е неговото одигрување поради можното откажување на екипата од Пробиштип.

Еве ги резултатите од останатите натпревари во третата лига Исток:

ГФК “Осогово” – ФК “Кежовица” 1:0
ОФК “Малеш” – ФК “Слога 1934” 3:0
ФК “Работник” – ФК “Брегалница Сениори” 1:0

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.