ВОДАТА ВО БЕРОВО БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ

ВОДАТА ВО БЕРОВО БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ
декември 28 17:55 2021

Анализите за квалитетот на водата за пиење во Берово покажуваат дека Беровчани пијат високо квалитетна вода.Тоа го потврди раководителот на Филтер станицата за производсво на вода во Берово, која истакна дека водата одговара на сите параметри спрема законот и испитувањата.

– Спрема правилникот за безбедност и сигурност на водата за пиење, слободно можеме да кажеме дека Берово има прилично квалитетна вода за пиење што одговара на сите параметри спрема законот и микро-биолошки и хемиски анализи – рече Маја Зелничка.

Водата за пиење во Берово, додаде раководителот, еднаш годишно се испитува во Институтот за јавно здравје во Скопје, додека двапати месечно или или преку две недели анализи се прават во Центарот за јавно здравје во Кочани, каде досега не се случило да има неисправна анализа.

-Ние одговараме исклучиво за водата за пиење која што излегува од кај нас од резерварот.Надлежни на нас ни се Центарот за јавно здравје Кочани и Институтот за јавно здравје во Скопје.Паралелно на тоа тие доаѓаат и земаат анализи.Институтот за Јавно здравје во Скопје зема еднаш годишно, додека Центарот за јавно здравје во Кочани ни зема двапати месечно или преку две недели.Досега не ни се случило да има неисправна анализа – рече раководителот Зелничка.

Во однос на последните добиени резултати од испитувањата на водата во Беровското езеро која што го  спроведе Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“, каде водата од нашето езеро како и Дојранското и Тиквешкото се класифицираат во Класа 4, која се однесува на силно еутрофична, раководителот истакна дека езерото не е во нивна надлежност.За квалитетот на водата нема никакво влијаните, но влијание има кај населението каде суровата вода ја поистоветуваат со водата за пиење што се два различни поими.

Редакцијата на Малеш Нет, имаше можност да ги види сите анализи и испитувања на водата за пиење во Берово, кои не смеат да се објавуваат во медиуми, каде од прлиложените документи можеме да заклучиме дека редовно се испитува водата за пиење без присуство на загаденост и е безбедна за пиење.

  Категории: