Со потпишување на Меморандумот за соработка во април 2022, Општина Берово воспостави партнерство со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, со што ја изрази својата посветеност кон унапредување на капацитетот на општината и администрацијата во следните области:
За таа цел, Општина Берово со поддршка на Проектот на УСАИД, за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите направи анализа и само-оценка на општинските капацитети, и воедно идентификуваше каква техничката помош е потребна на општината, за да се унапреди во извршување на своите надлежности.
Просечниот целокупен капацитет на Општина Берово за извршување на горенаведените области, изнесува 2.27, на скала од 1 до 3, на која 1 е за Основно ниво на капацитет, 2 за Умерено ниво на капацитет и 3 за Високо ниво на капацитет. Целосните резултати од алатката за само-оценка на Општина Берово може да се превземе на следниот ЛИНК .
Согласно само-оценката и идентификуваните потреби, Општина Берово во партнерство со Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите изработи, во наредниот 18 месечен период интензивно ќе работи на унапредување на своите перформанси со цел да овозможи:
Главната цел на Проектот на УСАИД, за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, е мерливо зголемување на сопствените извори за финансирање, како и надворешно финансирање на локалната самоуправа и зголемување, на нивото на реализирање на Буџетот, во согласност со барањата за буџетирање и известување на Владата на Република Северна Македонија. За да ја оствари својата цел Проектот на УСАИД, за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, соработува со Владата на Република Северна Македонија и единиците на локалната самоуправа.