Вчерашниот натпис на штотуку уредно обоениот зид на градскиот стадион во Берово, каде беше напишано “Црвена младина Левица, ќе горите во пеколот предавници СДС”, беше причина за реакција на градоначалникот Звонко Пекевски поради што ги повика надлежните институции да преземат мерки и соодветно да биде казнет сторителот.
Од текстот на написот се гледа дека алудира на политичката партија Левица, со што тие во денешното соопштение целосно се оградуваат од овој чин, каде наведуваат дека не се изненадени од партијата на власт која се служи со ефтини трикови и со нивниот препознатлив стил сакаат да ја оцрнат партијата Левица.Исто така од Левица повикаа да се најде и поведе постапка за сторителот на напишаното.
Еве ја во целост реакцијата на ЛО ЛЕВИЦА-Берово:
Градоначалниче Звонко Пекевски,
За неполни два дена од нашата објава на официјалната страна поврзана со вас и вашите дела, осамна вест за наводното партиципирање на младите од Левица во вандалски чин, испишување на пароли на градскиот стадион.
▶️ Како за почеток, Ве молиме информирајте се подобро што има а што нема во општината која ја раководите.
❗️Црвена Младина во Берово не постои г-дине Пекевски !!!
✅ И да постои, Црвената Младина НЕ УНИШТУВА НАРОДЕН ИМОТ!
Срамно и бедно е од ваша страна да се служите со евтини трикови да ја оцрните нашата партија. Не дека се изненадивме, тое е вашиот стил и стилот на вашите партиски војници. Но, сепак ова нема да ви помине.
Ло Левица Берово се оградува од вандализмот и ве охрабрува да поведете постапка за сторителите.
Истовремено ви посочуваме дека ЛО Левица Берово ќе продолжи да работи за интересите на жителите на Општина Берово и да ги обелоденува сите неправилности во работата на Општината – стои во објавата на партијата Левица на социјалната мрежа Фејсбук.
Линк од објавата:
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid026bt95wNCrNbi8W4UTZcXaWgsduaQrcjGNZntuv6Jy1LVeG8sxxFdfxL46mrzRkr1l&id=100064661267392