УСПЕШНО ЗАВРШЕН ФЕСТИВАЛОТ НА ДУВАЧКИ ОРКЕСТРИ ВО ПЕХЧЕВО

УСПЕШНО ЗАВРШЕН ФЕСТИВАЛОТ НА ДУВАЧКИ ОРКЕСТРИ ВО ПЕХЧЕВО
јули 18 16:04 2022

Со трката која вчера се организираше од Берово до Пехчево, успешно беше заокружено дванаесетото издание на Фестивал на Дувачки Оркестри во Пехчево.После две години пауза на одржување на фестивалот поради пандемијата, фестивалско Пехчево оваа година покажа дека недостасуваше фестивалот, а тоа го покажува фактот на посетоност во сите четири дена, на голем број присутни од Малешевијата, соседните градови и целата држава.

Пехчевци и останатите посетители уживаа во настапите на сцената на поголем број домашни музички групи и естрадни уметници, Диџеи, како и дувачки оркестри од Малешевскиот регион меѓу кои:ДНК, Брас Брадрс, Јоце Панов, Сале Певац со пријателите, брас оркестрите, Уска Кан, Сенат Бенд од Берово, оркестарот на Чоровци од с.Црник како и дувачкиот оркестар Старс бенд од Кочани.

Во склоп на фестивалот по 14-ти пат беше организирн и Етно саемот – „Пехчевски
Павловден“, а фестивалската сцената ја збогатија настапите на голем број културни уметнички друштва и фолклорни групи од Малешевијата и регионот, како и настапот на најмалите на детскиот фестивал „Поточиња“.

Исто така како составен дел од фестивалот беше организирана изложба на слики од старо Пехчево во просториите на Домот на културата „Јане Сандански“, каде беа поставени 30 дела од жители на Пехчево.

Колуминацијата на овогодинешното издание на фестивалот се случи на четвртата вечер со настапот на феноменалните Уска Кан кои ја разиграа публиката, а настапот на групата ДНК привлече огромно внимание кај младата публика кои неуморно ги пееја нивните песни.Со настапот пак на битолската група Брас Брадрс која добро им е позната на Пехчевци, публиката неуморно беше играше о се забавиваше на градскиот плоштад во Пехчево, а забавата продолжи до раните утрински часови.

Инаку традиционалното одржување на фестивалот е поврзан со празникот на градот Пехчево „Павловден“ па поради тоа општината го организира Фестивалот на дувачки оркестри. Овој Фестивал има за цел да ја промовира традиционалната музика, но пред се да им овозможи на дувачките оркестри поголема афирмација.

Главен покровител на фестивалот беше реномираната компанија “Зегин“, како и компании помагатели и поддржувачи од Малешевијата и пошироко.

  Категории: