ВО МУЗЕЈОТ НА ГРАД БЕРОВО ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ГИМНАЗИЈАТА „АЦО РУСКОВСКИ“

ВО МУЗЕЈОТ НА ГРАД БЕРОВО ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ГИМНАЗИЈАТА „АЦО РУСКОВСКИ“
јуни 09 17:11 2022

Во организација на Домот на културата „Димитар Беровски“ во Берово и професорот по ликовна уметност Слободан Пандов, во историско етнолошкиот музеј на град Берово е отворена изложба на цртежи на учениците од гимназијата „Ацо Русковски“.

На изложбата се поставени 49 цртежи направени од таленираните ученици од Малешевијата, а самата изложба ќе биде отворена следните десет дена поточно до 17 Јуни секој ден од 7 и 30 до 15 и 30 часот.

-Домот на културата „Димитар Беровски“, денеска во историско етнолошкиот музеј на град Берово, имаме отворено изложба на цртежи од нашите деца од Малешевијата, ученици во гимназијата „Ацо Русковски“.Сакам да се заблагодарам на професорот и менторот на самите ученици Слободан Пандов, кој излезе во пресрет на идејата на Домот на културата за да иа имаме оваа излоажба, која веќе две години ја договараме меѓутоа, знаете поради пандемијата не успеавме досега да ја одржиме, но еве денес овде е поставена и може да се разгледа.Самата изложба ќе биде отворена следните десет дена до 17 Јуни 2022 година, секој ден од 7 и 30 до 15 и 30 часот.На самата изложба има поставено 49 дела, многу убави дела од наши талентирани деца од Берово и околните селе и од Пехчево и убаво е да се дојде да се посети и да се види изложбата – рече Звонко Скендерски, директор на Домот на културата во Берово.

Професорот по ликовна уметност во гимназијата „Ацо Русковски“ во Берово, кој исто така е и ментор на учениците уметници, истакна дека овие цртежи се спремани во текот на претходната година ипол.Додаде дека цртежите се изработени од ученици од прва и втора година, а Малешевијата рече професорот изобилува со млади уметници на кои им фалат вакви настани за до го покажат својот талент.

-Како изложба и како поставка тоа е моја долгогодишна желба и со директорот на Домот на културата разговаравме и ги темпиравме моментите на едно кратко видување решивме кон крајот на годината да ја направиме оваа изложба.Јас сум премногу задоволен а верувам дека ќе го побудиме интересот и на пошироката јавност.Имаме доста талентирани деца и за нив верувам дека ова ќе биде уште поголема иницијална каписла за да создаваат за да можеме да го збогатиме нашиот крај со вакви културни манифестации како што е изложбата и со многу други.Тоа се деца ученици од ОСУ „Ацо Русковски“ кај што работам јас долги години од прва и втора година.Ови дела се работени во текот на целата година, значи не се работени посебно за самата изложба – рече Слободан Пандов професор и ментор на учениците кои ги изработија делата.

Берово и Малешевијата кубури со вакви културни настани, кои во последните десетина години се изоставени од културната понуда на градот.За да се случуваат вакви работи, професорот Пандов посочи дека не треба да се базираме само на Домот на културата, туку мора да се развиваат и други активности како ликовни секции и надвор од градот, а секако тука е потребна помош и поголема активност од Општината за да тие деца ги истакнат своите квалитети и да се оттргнат од кафичите.

Во продолжение видео од отварањето на изложбата: