ВО СЕЛОТО РУСИНОВО ПО ВТОР ПАТ СЕ ОРГАНИЗИРА НАСТАНОТ “ТРУЈЧИНДЕНСКИ РУСИНСКИ СРЕДБИ“

ВО СЕЛОТО РУСИНОВО ПО ВТОР ПАТ СЕ ОРГАНИЗИРА НАСТАНОТ “ТРУЈЧИНДЕНСКИ РУСИНСКИ СРЕДБИ“
јуни 04 15:51 2022

Здружението за организирање на празникот Света Тројца рурален развој и унапредување „Света Тројца-Русинска“ од село Русиново, по втор пат годинава после две години пауза поради пандемијата, на 12 и 13 Јуни, организира манифестација за прослава на „Трујчинденски Русински средби“.Со пригодна програма и богата културно уметничка програма селото Русиново очекува голем број гости, кои овие два дена ќе бидат добредојдени во селото кое надалеку е познато по гостопримноста и веселбите кои ги организараат за празникот кој е заштитник на мештаните.

Како што истакнаа од здружението, оваа година прославата на празникот ќе започне со организирање на турнир во мал фудбал, каде во тек е пријавувањето на екипите, со парични награди за првите три места.

-Јас како член на здружението, годинава одлучивме по втор пат да ја организираме прославата на празникот „Света Тројца“ во село Русиново.На 12 Јуни во Недела оргаизираме турнир во мал фудбал, каде се поканети сите екипи од селата и пошироко.Во тек е пријавувањето на екипите кое ќе трае до Сабота во 12 часот.На мегданот во селото продолжуваме со забава и музичка програма со настап на културно уметнички друштва и артисти – рече Глигор Галабовски сопственик на ресторанот „Галаб“ и член на организацискиот одбор.

На вториот ден од прославата во селото, како главна звезда ќе настапи нашиот познат артист Влатко Миладиновски, како и настапи на играорни и музички групи со изведба на стари народни песни од Малешевскиот крај.

-Вториот ден од прослават е наменет за општа веселба на сите присутни со настап на Влатко Миладиновски а на план е и настап на нашата звезда Жаклина Коловска, како и голем број уметнички друшта од Русиново и Берово, така да целосната програма е пополнета па ги замолуваме си Русинци,Беровци и добронамерни луѓе да помогнат и да донираат средства со што упатуваме благодарност и ги покануваме сите да дојдат во Русиново да го прославиме заедно нашиот празник на селото „Света Тројца“, да се дружиме и да ја продолжиме нашата традиција, бидејжи село Русиново не е заборавено – додаде Галабовски.

Инаку празникот „Света Тројца“ во село Русиново е куќна или домашна слава, каде секоја куќа во селото е отворена за сите гости од сите краишта на Малешевијата и пошироко.Низ годините празникот се славел многу, но во последните години полека изумира овој,па затоа здружението кое го организира настанот, повторно сака масовно да биде одбележан овој ден во чест на празникот „Света Тројца“ заштитикот на селото Русиново.

Настанот исто така е поддржан од Општина Берово, компанијата „Зегин“ како и други стопанственици.

Програма за „Трујчинденски Русински средби“:

12 Јуни (Недела)

10:00 часот – Турнир во мал фудбал на спорски екипи од Малешевијата и пошироко со доделување на пригодни награди,

17:00 часот – Настап на музичката група „Модерато“ од М.Каменица заедно со естрадната уметничка Христина.

19:00 часот – Отворање на празничната средба и говор на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски

19:30 часот – Настап на играорната група и музичкиот оркестар КУД „Димитар Беровски“ од Берово

20:00 часот – Настап на женската пејачка група „Ѓердан“ од село Русиново

20:30 часот – Продолжува настапот на музичката група „Модерато“

13 Јуни (Понеделник)

18:00 часот – Настап на допропознатата наша сограѓанка Жаклина Коловска

20:30 часот – Настап на познатиот естраден уметник Влатко Миладиновски заедно со групата „Модерато“ од М.Каменица

Пријавувањето на екипите за турнирот во мал фудбал во ресторан „Галаб“ во Берово или на тел. 070 486-530

Сите иселеници од Русиново и сите заинтересирани за донација можат да донираат на следната сметка на здружението „Света Тројца“ од Русиново:

Трансакциска сметка Уни Банка: 240-2101108125-76

  Категории: