Директорката на ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” Наташа Аврамска во перидот 18-20ти мај беше дел од трансграничен семинар ,,Зелен Еразмус+” кој се оддржа во Сандански Р. Бугарија.
Настанот беше организиран од Националните агенции за европски образовни програми и мобилност на Р.С. Македонија и Р. Бугарија како дел од меморандумот за соработка помеѓу двете Национални агенции. На настанот присуствуваа организации и образовни институции кои се корисници на програмата Еразмус+ и работат на полето на зелена агенда. Директоракта имаше кратко претставување на училиштето и проектите кои ги работат.
Вмрежувањето и споделувањето на добри практики и искуства со проекти е навистина важно за заедничко делување во борбата за заштита на животната средина и практикување на зелена агенда. Семинарот го отворија директорите на двете национални агенции Марко Горѓиевски и Михаил Балабанов и на истиот присустуваа над 50тина учесници.