ДОДЕЛЕНИ ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ВО СЕЛО ЦРНИК ОД ОРГАНИЗАЦИЈАТА “TURKEY FOR PEACE”

ДОДЕЛЕНИ ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ВО СЕЛО ЦРНИК ОД ОРГАНИЗАЦИЈАТА  “TURKEY FOR PEACE”
април 25 13:47 2022

По иницијатива на Ерол Пилов, во село Црник распределени 70 пакети од организацијата Turkey for Peace. Пакетите како што информираше беа доделени од страна на Исламската верска заедница-Штип, кои и предходните години редовно се донесуваат пакети за време на месецот на постот Рамазан кај муслиманите.

-Пакетите беа доделени на луѓе кои постат редовно, сиромашни, луѓе не покретни и вдовици.
Пакети исто така беа доделени на православни луѓе на кои навистина им беше потребна помош од таков вид на пакет, тоа се луѓе кои се сиромашни и живеат сами во своите домови. Тие луѓе живеат сплотени сложно и братски со нашите браќа муслимани од с.Црник, рече Пилов.

Честитајки им ги празниците, на верниците од муслиманска вероисповест им посака да бидат издржливи на крајот од Рамазанскиот пост.

-Не сме створени да правиме големи работи. Но, затоа можеме од мали работи да направиме големи, со многу труд и почит кон луѓето на кои навистина им е потребна финансиска и било каква помош. Алах, нека им дава здравје бериќет на донаторите кои секоја година донираат на сиромашни луѓе низ цела Македонија и цел свет. Сите да бидете здрави живи и Алах на сите да ви даде сила во постот во последните денови, бериќет здравје и убави денови во Рамазан Бајрам, истакна Пилов.

Поради ограничениот број на пакети упати извинување на сите кои не добија пакет, а претходно побарале.

  Категории: