ВО ЧЕТВРТОК ВО СИТИ ПАБ ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „МРАЧНИ ДЕНОВИ“ ОД АВТОРОТ ЉУБОМИР БУБЕВСКИ

Во четврток во Сити Паб во Берово, ќе биде презентирано првото дело на нашиот беровчанец Љубомир Бубевски со наслов „Марчни денови“.Промоцијата на книгата е закажана со почеток во 19 часот, каде пред поканетите пријатели, познаници и гости, презентација ќе одржи самиот автор на книгата Бубевски, а предвидено е културно музичка забава за сите посетители.
Мрачни денови е возбудлива психолошка драма, која ќе ве одведе во потрага по човечките судбини, искушенија, двоумења и неправди, опишувајќи го животот на една племенска заедница, а посебно животот на главниот јунак Тодор Сата. Дејствието во овој роман се одвива во предградието Винстон, мистичниот дом и внатрешниот ентериер и екстериер, Градот, во шумските предели околу Винстон, врвот и изворот Орелско око.
Љубомир Бубевски е млад автор на возраст од 39 години. Куриозитет е што овој роман го има напишано уште во далечната 1999 година. По професија е дипломиран правник. Покрај прозата, пишува и поезија, а исто така е вљубеник во музиката, театарот, спортот, филмот. Живее и работи во Берово.

За авторот
