По повод одбележувањето на 21 година на трагично загинатиот Командант на Баталјонот на Воена полиција капетан 1 класа Љупчо Мирчовски, денес пред спомен обележјето на четворицата бранители во Берово беше положено свежо цвеќе од делегацијата предводена од Командантот на Батаљонот, како и делегација од Општина Берово.
Делегацијата го посети и вечното почивалиште на Мирчовски, во с. Русиново, каде што исто така положи цвеќе.
Инаку на дененешен ден, извршувајќи ја својата должност, за одбрана на територијалниот интегритет, нашиот херој Љупчо Мирчовски загина, нагазувајќи на мина.
Љупчо Мирчовски е роден на 19 октомври 1964 година во с. Русиново, Беровско. Завршил Воена академија во Белград, 1987 година. Прво служел во ЈНА во Загреб, потоа Приштина, а од 1 април 1992 година во Армијата на Р. Македонија во Скопје. Стаса до чинот капетан прва класа во хиерархијата на АРМ. Мирчовски беше командант на Воената полиција, на 28 март 2001 година бил извикан од состанок во Генералштабот, а бил и со тогашниот Претседател на Р. Македонија Борис Трајковски пред Генералштабот пред да тргне, каде било одлучено токму тој да појде веднаш на Скопска Црна Гора – кај месноста Рамно.
Командантот на Воената полиција Љупчо со група војници каде се упатил со војнички „пух“ и точно во 17 часот и 15 минути возилото на патот на Рамно нагазува на против тенковска мина поставена од терористите на УЧК. На лице место загина капетанот Љупчо Мирчовски, додека останатите војници биле само повредени.
ВЕЧНА ТИ СЛАВА КАПЕТАНЕ!