Објава на Љупка Буба Зафировска:
Животот е непредвидлив, за само еден миг може да те направи бескрајно среќен, но и бескрајно тажен и немоќен, во миг на голема несреќа која ја зафати нашата фамилија, солидарноста која ја покажавте сите Вие при гасење на пожарот не направивте среќни и ни влеа надеж и во најтешките моменти за нашата фамилија, затоа од срце сакаме да Ви заблагодараме. Голема благодарност упатувам до Градоначалникот на Општина Пехчево, институциите, противпожаните екипи, роднини, пријатели, сограѓани, познати и непознати лица, сите вие покажавте огромна пожртвуваност и несебичност во миговите кога пожарот беснееше во нашиот дом и пустошеше, не само по домот, туку и по нашите спомени и животи. Пруживте помош тогаш, но се надеваме и деновите потоа, бидејќи помошта е неопходна и потребна … ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ….ОД СРЦЕ ФАМИЛИЈА ЗАФИРОВСКИ…
Видео од пожарот кој избувна во понеделник попладне во домот на Зафировски: