ЗАПОЧНА ПРОЛЕТНОТО УРЕДУВАЊЕ НА ДРВЈАТА НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО БЕРОВО

ЗАПОЧНА ПРОЛЕТНОТО УРЕДУВАЊЕ НА ДРВЈАТА НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО БЕРОВО
март 15 13:17 2022

Во пресрет на пролетта, Општина Берово, во соработка со ЈПКР ,,Услуга” , започна со кастрење на дрвјата на јавни површини.

Со кастрење на дрвјата е започнато на пофреквентните улици, поточно на ул.,,Задарска”,  а во престојниот период ќе се продолжи, секаде каде што е потребно.

Со кастрењето на непотребната вегетација, се овозможува непречено одвивање на сообраќајот, прегледност во вечерните часови и непречено снабдување со електрична енергија.