ИЛИЈА РУНТЕВСКИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО СДСМ БЕРОВО.

ИЛИЈА РУНТЕВСКИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО СДСМ БЕРОВО.
март 14 23:54 2022

Актуелниот директор на Јавното претпријатие за комунални работи “Услуга” Илија Рунтевски, е избран за нов претседател на Локалната организација на СДСМ во Берово.Тоа го потврдија со соопштение на фајсбук страницата на организацијата во која се вели:

-По избор на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, со задоволство ве известуваме дека нов претседател на Локалната организација на СДСМ во Берово е избран Илија Рунтевски.

Илија е дипломиран машински инженер, актуелен директор на Локалното претпријатие за комунална услуга, под чие водство претпријатието од загубар станува ликвидно претпријатие кое целосно ги извршува своите обврски кон граѓаните. Берово е почист, поубав и пофункционален град во насока на јавната чистота и комуналните услуги благодарение на Илија Рунтевски, дел од успешниот тим на градоначалникот Звонко Пекевски.

За негово време е целосно заменет заменет или освежен возниот и машинскиот парк на претпријатието.

Илија ќе продолжи со успшената работа како директор на претпријатието, целосно да им служи на потребите на граѓаните и зголемивање на услугите кои ги нуди кон нив и со тоа зголемување на квалитетот на животот. Како претседател на локалната организација на СДСМ Рунтевски ќе продолжи да има обединувачка улога на граѓаните, креирање на вистински вредности на почит, една општина која ќе ги остварува потребите на сите граѓани на Берово, ќе биде дел од тимот кој ќе ја унапредува и движи локалната економија напред за сите граѓани заедно – стои во соопштението на ОО Сдсм Берово.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=328551375963454&id=100064257836617

  Категории: