Многу пати сме информирале, реагирале и алармирле до надлежните институции во Берово, за проблемот со дивите депонии, кои секојдневно се шират, насекаде околу нас па и во срцето на Малешевските шуми.Деновиве имав прилика неколку пати да се прошетам низ Беровските шуми.Убавото време во овој период од годината не те остава да седиш мирен, а посебно кога насекаде е шарено.Сета таа убавина која ни е подарена, безмилосно се уништува и загадува, а за тоа најголеми виновници сме самите ние, граѓаните на Берово.
Сепак за овој долгогодишниот проблем на создавање диви депонии, освен нашето ниско ниво на култура, одговорност има и општината Берово, која е надлежна за чистење, уредување и спречување на фрлањето ѓубре кај што ќе ни текне.Но, дали доволно посветува грижа општината во решавање на овој проблем.Еве вака.Претходните години општината вложуваше во чистење на депонијата за градежен шут кај месноста „Јуовец“ во Берово, која беше исчистена неколку пати.И повторно без ефект, иста слика за неколку денови.Остануваше и се уште останува општинскиот апел до граѓаните за свеста и забраната за фрлање отпад.
Депонијата над филтер станицата по нашата објава на неколу медиуми, од страна на општината експресно беше реагирено и поголемиот дел беше исчистен, но околу овој дел има уште десет помали локации во внатрешноста на шумите.И овде остана само апелот за поубаво и почисто Берово и повторно се продолжи со фрлање смет од секаков вид, без никој да сноси одговорност.
Со новиот четиригодишен мандат на новите градоначалници низ Републиката, повеќето од нив најпрво се зафатија со чистење на дивите депонии по градовите што е за поздравување.Тоа не е случај во нашата општина.Редно време е нашиот градски татко кој еве втор мандат ја доби довербата од граѓаните, да презеде поконкретни мерки и поголема ажурност и брзо решение на купиштата смет во дивите депонии.Секако најголемата вина е кај самите граѓани кои без тронка свест за последиците од отпадот кој што го фрлаат кај што ќе им текне, создаваат лоша слика на успешната приказна за нашето Берово.
Каде го гледаме решението?
Нашиот став е добро познат на општината, а тоа е поголем ангажман на човечки ресурси во смисла на инспекциски служби на терен, исто така поставување на видео надзор на неколку локации, што е практика насекаде во регионот и секако изречување казни на несовесните граѓани, како и зголемени акции за собирање секаков вид смет од страна на ЈПКР „Услуга’ од Берово. Ни фалат и иницијативи во кои ќе се вклучат и локалните жители, младите и членовите на планинарските друштва, (за кои вреувам дека и досега во склоп на нивните можности направија чекори за чистење на градот), кои заедно со општината ќе придонесат за чистење на депониите.
Порталот Малеш Нет во следниот период ќе поднесе иницијатива до Општина Берово, каде ќе предложи организирање на масовни акции за справување со дивите депонии каде би се вклучила и општинската администрацијата како и повик до секој граѓанин на Берово, кои заеднички секоја втора сабота во месецот би учествувале во чистење на одредена локација со смет.
Во продолжени ви претставуваме фотографии од две локации на така наречени слободни зони за фрлање отпад.
Оваа локација каде требаше да никнат фабрики и да се инвестира во вработувања, е претворена во омилена локација за фрлање секаков вид смет.Веќе подолг период овде се извадени железните решетки и почнуваат да се вадат и бекатон плочки по потреба.Иако беа фрлени огромен број на средства за изградба на индустриската зона, тука по навика на поминување секој граѓанин го остава сметот и никој не превзема ништо.
2. Шумскиот предел над Филтер станицата во Берово.
Секојдневно овде, без никој да забележи ништо, граѓаните се што им смета во нивните дворови или подруми, го оставаат на неколку локации.Тука во срцето на питомите Беровски шуми, има околу 10 места со мини депонии каде се исфрла се и сешто од стар мебел, пластика, азбест, до гуми и керамика.
Следниот пат ќе ви преставиме уште неколку мапирани локации на диви депонии низ околината на Берово.