ВО ПЕХЧЕВО ДОДЕЛЕНИ УВЕРЕНИЈАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК И ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ

ВО ПЕХЧЕВО ДОДЕЛЕНИ УВЕРЕНИЈАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК И ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ
ноември 05 14:25 2021

Во Пехчево од страна на Општинската изборна комисија денес беа доделени уверенија за мандатите на 11 советници и на градоначалникот на Пехчево, Александар Китански.

Во Пехчево од страна на Општинската изборна комисија денес беа доделени уверенија за мандатите на 11 советници и на градоначалникот на Пехчево, Александар Китански.

Претседателот на ОИК – Пехчево, Мануела Станоевска Стоилковска, во своето обраќање на сите учесници во изборниот процес им честита за високата свест и достоинство во процесот на Локалните избори 2021.

– Најпрво би сакала на сите учесници во изборниот процес да ви честитам за високата свест и достоинство што го имавте во процесот на Локалните избори 2021. Во Пехчево, изборите беа фер и демократски, што е уште еден адут повеќе дека новиот лик на локалната власт во оваа општина е скроена по вољата на граѓаните. Во име на членовите на ОИК во Пехчево на сите Ви ја честитам победата и како граѓани на Пехчево очекуваме да ги остварите целите на оваа демократска придобивка да работите врз принципите на демократијата, во интерес на сите граѓани на Пехчево и ова наше гратче да го направите достојно место за живеење, односно да продолжите каде што застанаа вашите претходници. Ви посакувам успешна работа – рече претседателката на Општинската изборна комисија Мануела Станоевска Стоилковска.

Во Пехчево од страна на Општинската изборна комисија денес беа доделени уверенија за мандатите на 11 советници и на градоначалникот на Пехчево, Александар Китански.

На чинот на доделување на уверенијата, се обрати и новиот градоначалник на Општина Пехчево, Александар Китански.

– Најпрво честитки до сите инволвирани во изборниот процес за демократските избори во Пехчево, но и честитки за одлично завршената работа на ОИК. Дозволете ми да се заблагодарам на поддршката што ми ја дадовте на овие избори и на Програмата која ветувам дека со ваша поддршка ќе биде реализирана. На овој свечен чин, кога и официјално ни се доделуваат мандатите, сакам да ја споделам со Вас мојата идеја за Пехчево да го направиме Пехчево достојно место за живеење, а општината, општина на сите граѓани.

Сакам да ги информирам моите сограѓани дека како советник во Советот на Општина Пехчево во претходниот четири годишен период во тек сум со сите активности во оваа општина и еве денеска свечено ветувам дека демократските принципи, грижата за секој граѓанин, без никакви предрасуди, општина која ќе претставува вистински сервис на граѓаните каде што ќе се решаваат нивните проблеми, ќе бидат моите приоритети. Вие ми ја дадовте довербата, а јас ќе ве почитувам и ќе ги ставам во функција сите мои капацитети и капацитетите на општината, – рече градоначалникот на општина Пехчево, Александар Китански.

Инаку, понеделник ќе се изврши и примопредавање на градоначалничката функција.

  Категории: