Здружението за заштита на животните ПРО АНИМА Берово, во согласност со донесената Одлука за распределба на средства од Буџетот на Општина Берово наменети за програмски активности на здруженија и фондации, објавува повик за финансирање на стерилизации на 20 женски кучиња.
Доколку сте жител на Општина Берово кој е сопственик на женска единка и сакате да ја стерилизирате, со цел да превенирате потомство и кученца за кои ќе немате решение, пријавете се!Немате никаква друга обврска освен да се пријавите и да го однесете миленикот до најблискиот ветеринар во закажаниот термин.Интервенциите се бесплатни и целосно покриени од наша страна!
Ве очекуваме во порака!