Во Берово на претстојните избори четворица кандидати ќе ја бараат довербата од граѓаните во трката за градоначалник на Општина Берово. Како што информираше Славчо Страторски, претседател на Општинската изборна комисија во Берово, освен кандидатурите за градоначалници, поднесени се и четири советнички листи, со кои неколку партии ќе настапат на претстојните локални избори.
-За кандидати за градоначалник на Берово со свои кандидати излегоа париите Интегра, Родина, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува до советничките листи, заедничка советничка листа имаат поднесено партиите ЛДП и ДОМ, како и партиите, Интегра, СДСМ и коалицијата составена од повеќе партии како и ВМРО-ДПМНЕ со коалициските партнери, истакна Страторски. До Општинската изборна комисија како што додаде, не се поднесени независни кандидатури за градоначалник со советнички листи.
За градоначалник на Берово, доставени се следните кандидатури.
1.Горан Алачки – Интегра-Македонска конзервативна партија
2.Звонко Пекевски – СДСМ со коалицијата
3.Елеонора Рашковска – ВМРО ДПМНЕ со коалицијата
4.Горанчо Костевски – Родина Македонија
За членови на Советот доставени се следните советнички листи.
Советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата.
Советничка листа на СДСМ со коалицијата.
Советничка листа на коалицијата поднесена од партиите ЛДП и ДОМ – ДВИЖЕЊЕ ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ
Советничка листа поднесена од ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА