КОПАНИЈАТА „ЗЕГИН“ СЕ ВКЛУЧИ СО ХРАНА И ЛЕКОВИ ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ И УЧЕСНИЦИТЕ ВО ПОЖАРОТ КАЈ ПЕХЧЕВСКО.

КОПАНИЈАТА „ЗЕГИН“ СЕ ВКЛУЧИ СО ХРАНА И ЛЕКОВИ ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ И УЧЕСНИЦИТЕ ВО ПОЖАРОТ КАЈ ПЕХЧЕВСКО.
август 05 21:51 2021

Пожарот кој денес зафати Пехчевскиот регион во месноста Крива Круша и кој се прошири насекаде, повторно ги активира сите Малешевци да се вклучат како во гаснење така и во обезбедување на храна и вода за сите кои го гаснеа пожарот.Голем број луѓе и компании од Берово и Пехчево и од околните градови, преку целиот ден доставуваа помош во вода и храна во пунктот кој беше отворен во кино салата во Пехчево, како и на терен каде што беше потребно.Секоја ви чест луѓе на сплотеноста.

Компанијата Зегин, заедно со сопственикот Благој Маханџиски, уште во утринските часови се активираа на терен и доставуваа,вода,храна,лекови,бензин за сите учесници во справувањето со пожарот.

-Донесовме храна,лекови и бензин за потребите на сити.Тука сме се што можеме ќе помогнеме.Малешевските бели дробови отидоа, секој треба да жали сега.Еве гледате на кое место сме и што доживуваме сега.Немам зборови, ова е неописливо – низ солзи истакна споственикот на компанијата „Зегин“.

Инаку освен во храна и лекови, преку целиот ден Механџиски заедно со својот тим ги обиколуваше терените и селата за и таму на лице место да пружи поддршка.

Пожарот кој беснее во Малешевијата веќе неколку дена е со намален интензитет, носеуште е активен. Им благодариме на сите коишто помогнаа, посебно до компанијата „Зегин“ за несебичната поддршка во справувањето со пожарот.

Во продложение погледнете сцени и изјави:

  Категории: