Француската амбасада во земјава го пофали фармацевтскиот и лекарскиот тим на ПЗУ Зегин Медика под раководство на д-р Евросима Десовска Геговска за посветеноста и за успешното справување со здравствената состојба и лекувањето на пациентите позитивни на ковид-19.
Огромна благодарност до Амбасадата и до францускиот амбасадор, г-дин Сирил Бомгартнер, кои ja препознаа заложбата на целиот тим, се вели во соопштението на Зегин.