Денеска почнува работниот ангажман на лицата кои се анажирани на определено работно време од 22 работни денови, за извршување на јавни работи, врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработувањ⁸е и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, усвоен од Владата на РСМ, преку Програмата за работно ангажирање – Јавни работи, финансиран од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, со кофинансирање од општина Берово.
Околку 20 лица, добија платен ангажман за уредување на паркови и зеленила, јавни површини, чистење и метење, расчистување на дивите депонии , како и грижа за јавната чистота и зеленило.
Искуствато од ваквиот тип на ангажирања секогаш давале позитивни резултати, и значително се забележува бенифитот од ваквиот вид на активности, како за самата општина, за околината и имиџот, така и за финансискиот бенифит на самите ангажирани невработени лица, имајќи ги во предвид и последиците од пандемијата со КОВИД 19.
Исто така ќе се подобри градската чистота, ќе се овозможи попријатно место за живеење и поудобен престој за гостите-туристи, ќе придонесе кон намалување на загадените површини, ќе имаме задоволни граѓани и гости, што само по себе ќе ја подигне еколошката свест на граѓаните и грижата за здрава и чиста животна средина како и целокупниот имиџ на општина Берово.
Овој проект е дел од активностите кои се предложени како директни барања од граѓаните, бизнис заедницата и реакциите на туристите и дирекно влијае за создавање на почиста слика за Берово, кое нешто е во насока на развој на туризмот што претставува еден од столбовите и стратешки приоритет за развој на општината.