ОД УТРЕ ДЕЛУМНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИТЕ.

ОД УТРЕ ДЕЛУМНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИТЕ.
јули 01 11:39 2021

Јавното претпријатие „Национални шуми”, со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор како резултат на зголемените температури, воведува делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува, на целата територија на Република Македонија, по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Делумната забрана за движење во шума, посочуваат од претпријатието, почнува да важи од утре во временски период од 6 до 20 часот и истата ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување.

– Оваа делумна забрана не важи за вработените во ЈП „Национални шуми” и субјектите кои вршат шумско културни активности на површините со кои стопанисува јавното претпријатие, како и за лица кои имаат писмено одобрение за движење во шумите. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмена дозвола издадена од подружниците на ЈП за подрачјето со кое стопанисуваат. За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена глоба, појаснуваат од претпријатието.

Извор (Канал 5)

  Категории: