Викендот на 19 Јуни во сабота, во Пехчево се организира бајкерска манифестација, на која е планирано да се извозат околу 33 километри низ прекрасните планински предели кои ги нуди пехчевскиот крај.На турата која е средно тешка, се поканети сите заинтересирани љубители на велосипедот, која изобилува со благи угорници, додека крајната цел е врвот на планината Влаина.На настанот како што информираа организаторите ќе бидат почитувани сите мерки на претпазливост од Ковид 19.
Исто така во склоп на турата која ќе стартува во 9 часот, истиот ден се организира и хајкинг тура со планинарски водич.Еве ја во продолжение и официјалната најава.
Почитувани, бајкери и бајкерки, почитувани планинари и планинарки, почитивани љубители на спортот, природата, природните убавини и вредности, на 19ти Јуни ке се одржи уште една бајкерска манифестација во ПЕХЧЕВО!!!
Во неофицијална организација со почит кон Ковид мерките ве покануваме на дружба, спортување, уживање во Малешевската природа и хармонија!Доволно е само да имате добро подготвен велосипед, задолжителна велосипедска опрема(кацига, резервна гума, пумпа, шушкавец или кабаница доколку временските услови се неповолни), да бидете физички спремни, да имате волја за добра дружба и забава!
Групата стартува во 9 часот! Патеката по која ке се двизиме е во должина од околу 33км со почетна точка центарот на Пехчево, Гагзалната, Равно борје и се упатуваме кон врвот на планината Кадиица на околу 1750 надморска висина (почетна точка 1050 за да се стигне до околу 1750м)!Кога ке стигнеме најгоре се прави поголема пауза и после тоа враќање назад(местото од кај што тргнавме) и ке му ја седнеме и кој колку може и што може!Ќе се движиме во група со попатни паузи и се разбира ќе ги чекаме сите што заостануваат!Турата е средно тешка!Истиот ден ке биде организирана и планинарска тура со еден од најдобрите планинарски водичи во Малешевијата МАРЈАН ПЕХЧЕВО!Поздрав до сите и се гледаме на 19ти јуни!!!