(ВИДЕО) ЗА МАЛЕШЕВСКАТА ЛЕГЕНДА НА НАРОДНАТА ПЕСНА ЉУПЧО ДУЧЕВСКИ

(ВИДЕО) ЗА МАЛЕШЕВСКАТА ЛЕГЕНДА НА НАРОДНАТА ПЕСНА ЉУПЧО ДУЧЕВСКИ
април 26 22:18 2021

Оваа вечер ви го презентираме само за Вас, оригиналното видео за Љупчо Дучевски кое во 1999 година беше емитувано на програмата на МТВ, а кое беше подготвено од тогашната сценаристка и уредничка на емисијата Елена Чупоска, продуцентот Ѓоко Гешкоски, тон мајсторите Зоран Анѓелковски и Крсте Ѓамовски, видео миксерот Маре Танчевска, графичка обработка Ирена Велковска, како снимател на емисијата со појавува Бошко Ацевски, електронска монтажа му била доверена на Коле Јовановски, а за целиот проект бил задолжен режисерот Душко Ѓорѓиоски во таа 1999 година!

Колку за информација за Љупчо Дучевски спомени евоцирале неговите поблиски комшии Деса Пуреовска, Борче Фурнаџиски, берберинот мајстор Бранко Арменски (Нешовски), поранешниот професор по Одбрана и заштита Ѓорѓи Поп Ѓорѓиев “Гошо” кој воедно во времето на Љупчо беше и уметнички раководител на КУД “Никола Вапцаров”.

Во оваа прекрасна емисија спомени евоцираа Беровчаните, ставрофор Георги Кацарски, Вили Здравковски, екс политичарот Јован Андонов “Реган”, познатиот виолинист Благоја Дескоски, неговата колешка од КУД “Мирче Ацев” Верица Исајновска, која пеела со него во дует, за на крај спомени да евоцираат и неговите најблиски, синот Ванчо и сопругата Тодорка.

Инаку нашата ,,најголема малешевска и македонска легенда на народната песна,, Љупчо Дучевски, покрај тоа што бил скромен и пријатен ученик, миленик во гимназијата, го има завршено факултетот за Земјодеслки науки во Скопје, после се вработува во тогашниот ЗИК “Малешевска слива” во Берово.

Се на се драги мои да не откривам ништо повеќе, проследете ја емисијата “Песно не заборави ме” од MТВ! ,

Ова е описот за нашата легенда Љупчо Дучевски од добро познатиот водител за сите нас со незаменлив глас на некогашното Радио Берово, Влатко Пипонски, кој е полн со материјали и информации за музиката и културата која ни ја оставија како аманет нашите маестрални музичари.Сакавме да влеземе во архивата на Радио Берово која ја поседува токму Влатко Пипонски, но поради задравствени причини не можеше да ни излезе во пресрет, затоа го поздравуваме и му посакуваме побрзо опоравување.Ни вети дека секогаш е тука за нас и за нашата кампања за зачувување и презентирање на малешевската песна.

Следете го каналот на порталот Малеш Нет на youtube, facebook, како и веб страницата maleshnet.mk, споделувајте и лајкувајте,наскоро следуваат ексклузивни аудио и видео снимки од нашите врвни музички имиња.

  Категории: