Членовите на здружението „Патфајндерс“, попладнево спроведоа еколошка акција во паркот и спортските игралишта пред старата гимназија во Берово.Отпадот кој беше насекаде расфрлан од несовеста на граѓаните и претставуваше грда слика на градот, конечно е исчистен.Како што истакнаа од здружението, свеста на граѓаните е на многу ниско ниво, па поради ситуацијата со Ковид 19, се повеќе млади се собираат по парковите низ градот и расфрлаат ѓубре насекаде.
Сепак и работата на комуналното претпријатие и општинските власти кои се задолжени за овој проблем, од здружението оценија дека е на ниско ниво.Според нив треба поголема агажираност од комуналните инспектори и редовно празнење на кантите за отпадоци како во градот така и на Беровското езеро.
Членовите пак упатија остри критики и апел како до општинските власти така и до сите млади за поголема едукација и свест при оставањето отпадоци.
Здружението „Патфајндерс“ кое досега спроведе неколку еколошки акциии и планинарски хајкинг тури и понатаму продолжува да делува со своите активности за зачувување на зелените површини во градот и презентација на големите туристичките можности кои ги нуди Берово и Малешевијата.Тие најавија дека еднаш неделно ќе ги чистат зелените површини во Берово.
И покрај ангажманот од нивна страна, сепак велат немаат поддршка ниту од Општината, ниту од било кој друг, па се надеваат дека во следниот период ќе се ангажираат повеќе општинските власти за да го препознаат тоа што го прават.