СО ТАГА И БОЛКА, ЖИТЕЛИТЕ НА РУСИНОВО СЕ ПРОСТИЈА ОД ВЕРЧЕ.

СО ТАГА И БОЛКА, ЖИТЕЛИТЕ НА РУСИНОВО СЕ ПРОСТИЈА ОД ВЕРЧЕ.
април 18 17:56 2021

Русиново денес е во тага. Со голема болка, жителите денес се простија од Верче, која прерано замина од овој свет.Болната празнина велат, засекогаш ќе остане меѓу нив, но горди се на храбриот чин на семејството кое се одлучи да го продолжи животот на десетина луѓе со донирање на нејзините органи.Велат дека помошта е добредојдена за семејството Белчовски и треба да се помогне.Тоа сепак нема да ја врати Верче, но институциите треба да го направат своето.

-За помош треба помош, знаеме во какви услови живееме сите во Макеоднија, но институтциите треба да си ги направат своето. Селаните поддршка ќе дадат, тешко дека некој се радува на ова, скраја да е, штета за девојчето, но сепак граѓаните не можат сами да помогнат, тоа мора да го направат институциите, истакна Софија Буровска, жителка на село Русиново.

Жико Милошовски  од Русиново, додаде дека и самите жители се подготвени да им помогнат на семејството Белчовски.

-Мислам оти нашето село е хумано село и ќе има помош за семејството. Белчовски се семејство домаќини, одговорни за работа беа досега. Цело село им оддава поддршка, од утрово одат на црква, изразуваат поддршка. Сите во таа незгода им се заблагодаруваат што ги подарија органите, вели Милошовски.

Помош и институционална поддршка очекуваат и роднините на Белчовски.

-Тоа е голема хуманост која ќе спаси многу живот, 10 души ќе спаси но неа ја нема, ќе живее срцето во друго момче, истакнаа од семејството. Финансиски секој може да помогне, веќе ако решиле Македонија е голема и може да помогне пошто сите се невработени, велат од семејството.  

Според дел од жителите на семејството и досега требало да му биде овозможено поголема помош.

-Помошта како што слушаме била потребна од претходно, сега откако отиде девојчето мислам дека е џабе. Може да е некоја утеха за нивните родители тие донации, ама тоа не се враќа и добро е што се согласија да се донираат органите, многу редок и хуман чин, вели низ солзи жител на селото.

Од општината најавија иницијатива за одржување итна седница на советот на Општина Берово, на која ќе се побара финансиска поддршка за семејството Белчовски, а во понатамошниот период и ќе се инсистира на разговори на повисоко ниво како институционално да биде зајакната таа поддршка. 

На испраќањето на младата Верица кон нејзиното вечно почивалиште денес присуствуваше делегација од општината со градоначалникот Звонко Пекевски кои заедно со останатите жители и оддадоа почит за големата жртва која неа и нејзиното семејство ги издигнуваат на највиоското скалило на  пиедесталот на заслужни хумани граѓани.

  Категории: