Во рамките на Третата македонска лига Исток, денес фудбалерите на Малеш на градскиот стадион во Берово ја совладаа Тиверија од Струмица со резултат од 3:1. Избраниците на тренерот Аврамски и покрај негативниот резултат од 0:1 на полувреме, во текот на целиот натпревар доминираа над гостите од Струмица. Вториот дел од натпреварот Малеш го одигра моќно, па со двата гола на Ерол Пилов и Мараијанчо Пачарски, трите бода останаа во Берово.
Со оваа победа екипата на Малеш се наоѓа на 5 место во Третата македонска лига Исток со освоени 25 бодови.
Еве ги резултатите и табелата од денешното коло:
Табела