ПОСТАВЕНО РОМСКОТО ЗНАМЕ НА ЈАРБОЛОТ ВО ОПШТИНА БЕРОВО, ЗА ДЕНОТ НА РОМИТЕ.

ПОСТАВЕНО РОМСКОТО ЗНАМЕ НА ЈАРБОЛОТ ВО ОПШТИНА БЕРОВО, ЗА ДЕНОТ НА РОМИТЕ.
април 08 17:37 2021

По повод 50 годишниот јубилеј на Меѓународниот ден на Ромите 8 Април, денес во општинската зграда во Берово, беше истакнато ромското знаме. Ова преставува голема чест и гордост, истакна тим лидерот на иницијаторот на овој чин, граѓанското движење „Аваја“ и изрази благодарност до Општина Берово за соработката и спремноста за одбележување на овој значаен ден на Ромите.

На денешниот настан, исто така од страна на градоначалникот Пекевски, беа доделени парични награди за најдобрите ученици Роми во основното и средното училиште во Берово.

Беровските Роми пак си посакаа многу здравје, среќа и благосостојба на сите Роми во светот,истакнувајќи ги нивните долгогодишни социјални и економски проблеми кои сеуште се ставаат во последен план. Велат дека грижата од општинските власти и покрај многуте ветувања во областа на вработувањето, инфраструктурата иселувањето на младите е недоволна, а сето тоа придонесува за тешката состојба во која се наоѓаат.

Светскиот ден на Ромите се одбележува во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, одржан од 8-12 април 1971 година во Лондон и тоа е еден од најважните датуми во историјата на овој народ. На тој датум на конгресот се стретнаа претставници на Ромите од 14 земји во светот,а како една од најважните усвоени одлуки се одлуката за ромско знаме и официјална химна.

Во рамки на 50 јубилејно одбележувањето на меѓународниот ден на Ромите, Ромскиот културен центар „Романо Бијандипе“ од Берово, изготви музички видео запис со познати Ромски музичари од нашиот град, кој вечера ќе биде премиерно преставен на порталот Малеш Нет.

  Категории: