ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД 22 ДО 05 ЧАСОТ.

ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОД 22 ДО 05 ЧАСОТ.
март 21 18:40 2021

Полицискиот час од 22 до 5 часот ќе продолжи, а во текот на неделава ќе се разгледа епидемиолошката состојба и ќе се утврди дали е потребно воведување дополнителни рестриктивни мерки.

Одлуката на Владата за воведување полициски час од 22 часот вечерта до 5 часот наутро, беше воведена на 10 март, а истекува утре..

Целта на неговото воведување, беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите кои што интензивно комуницираат во паркови, јавни површини, па и по домови после затворањето на угостителските објекти зашто беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот.

Комисијата за заразни болести и министерот Филипче очекуваат на почетокот на неделава резултати од полицискиот час што беше воведен пред 11 дена, и од нив ќе зависи новата проценка за воведување рестриктивни мерки кои би значеле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работата на угостителските објекти.

  Категории: