Донесен правилникот со кој се предвидува вршење видеонадзор на три локации на територија на соседнатаОпштина Делчево. Поради честата појава на оштетување на општинскиот имот, а до цел заштита на сопственоста, видео надзор како што беше истакнато на денешната седница на Советот на Општина Делчево, предвидено е да биде поставен на три локации во градот.
-Видео-надзор ќе се поставува на пешачкиот мост „Гоце Делчев“ на реката Брегалница, на детското игралиште во населба Ново Делчево и на тениското игралиште во населба СРЦ. Истиот ќе се врши со 11 камери, при што по 4 камери ќе бидат поставени кај детското и тениското игралиште, додека 3 камери е предвидено да бидат поставени кај пешачкиот мост Гоце Делчев. Целта на активноста е заштита на имотот и стварите во општа употреба од кражба, вандализам, уништување или друга форма на загрозување на имотот и добрата и за подобрување на безбедноста и здравјето на сите граѓани, беше кажано во рамки на образложението на одлуката на денешната седница на Совет во Делчево.
Во рамки на одлуката делчевските советници ги дефинираа понатамошните правила, под кои треба да се врши видео надзорот.
-Во донесувањето на правилникот и останатата документација која е потребна за поставување и вршење видеонадзорот, се применети одребите од новиот закон за заштита на личните податоци, кои се однесуваат на вршењето видеонадзор, беше дополнето во образложението на денешната одлука.
Во таа насока советниците ги утврдија правилниците за содржината и формата на актот за начинот на вршење видеонадзор, како и анализите на целите за кои се поставува видеонадзорот и извештајот од извршена периодична оценка на постигнатите резултати од системот за вршење видеонадзор.