Република Бугарија планира да одвои околу 9 милиони евра за изградба на граничниот премин Клепало меѓу Струмјани и Берово, кој е стратешки проект за обете земји. Во интервју за „Бугарија он ер“, заменик-министерот за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, Деница Николова истакна дека со реализација на оваа активност ќе се подобри поврзаноста меѓу двете земји, ќе се олесни трговијата и промовира туризмот.
-Проектот предвидува изградба на целата неопходна инфраструктура, вклучително и дел од пристапните патишта, истакна Николова.Николова за бугарската тв, додаде дека како дел од 17-годишно партнерство помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија во областа на прекуграничната соработка се спроведени 230 заеднички проекти, од кои 60 проекти се во претпристапните програми на ЕУ, а останатите 170 се спроведени во двата програмски периоди од 2007 година до денес.
-Во периодот до 2027 година Бугарија ќе инвестира 50 проценти повеќе средства за развој на пограничните региони со Република Северна Македонија во рамките на програмата за прекугранична соработка во споредба со ресурсот од нешто повеќе од 19 милиони евра, за кои сме инвестирале сегашното. Како Влада, вложивме напори да го зголемиме буџетот во знак на проширување на нашата поддршка за териториите што се важни за нас, додаде Николова во емисијата „Брисел 1“ која се емитува на „Бугарија он ер“.
Предвидената програма, како што дополни Николова, го поддржува подобрувањето на животната средина во регионите, развојот на туризмот, културата и други области.