Просторија од 4 метри квадратни, која претходно била купатило во прифатилиштето за лица без дом за живеење во Делчево, е местото каде е сместено семејството Мемедови со нивното едномесечно бебе кое страда од хидро нефроза.Како што вели мајката Сабина Мемедова, бебето има проширување на чашката на бубрезите, поради што десниот бубрег му функционира со оштетување од втор степен. Во суб стандардни услови, без вода и струја за само една сијалица, за да се сместат во оваа просторија, тие морале да остранат неколку чешми за да стават кревет без душек само на федери на кој моментално спијат.
Ова семејство пред една година се вратило од Германија и привремено е сместено во прифатилиштето во Делчево.Обвинуваат дека никој не се грижи за нив и дека политичарите тука доаѓаат само за гласови без да се погрижат да обезбедат основни услови за живеење во објектот во кој се сместени неколку семејства.
Со соопштение денес излегоа и од општина Делчево во кое се вели:
Побаравме одговор од Центарот за социјална работа во Делчево од каде не информираа дека семејството Мемедови се корисници на гарантирана минимална помош и во неколку наврати им е доделена еднократна парична помош.
Од невладината организација „КХАМ“ Делчево која е запознаена со случајот, денес исто така излегоа со соопштение во кое истакнаа дека активно работеле на овој случај со континуирано обезбедување на прехрабени и бебешки пакети преку проекти, организациски средства и приватни донатори.Погодени од настанот како организација и како сограѓани додаоа:
Сепак апелот за помош брзо се прошири насекаде во регионот, па хумани луѓе од Делчево ја доделија и првата донација во кревет, бела техника и храна.
Заинтересираноста на хуманите луѓе за да помогнат е се поголема, како во Делчево така и во Берово, а апелот за помош допре и до наши сограѓани во странство.
Порталот Малеш Нет се вклучува во акцијата за помош на семејството Мемедови и упатува апел до сите кои сакаат да помогнат во прехрамбени и хигиенски средства, како и облека за семејството, или било каква друга помош, да ја контактираат редакцијата на порталот на тел.077 748 208.
ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ, ДА ПОМОГНЕМЕ!!!!